Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не гледа место за неговата партија Фидес во промигрантското политичко семејство, кое ќе ги заборави своите христијански корени.

Во интервју за унгарското државно радио, Виктор Орбан рече дека Фидес не сака на европската сцена да припаѓа на група која не ги почитува нациите и, како што рече, „да стане заложник на бриселските бирократи”.

Орбан истакна дека му е секундарна грижа на која  политичката група во Европа ќе припаѓа Фидес, но додаде дека кога ќе одлучи за ова, тој ќе ги земе предвид интересите на Унгарија на европската политичка сцена.