Албанскиот премиер, Еди Рама избегна посериозен инцидент кога колоната возила, меѓу кои беше и неговото, со камења беше нападната од толпа граѓани. Инцидентот се случи во градот Либражд, во непосредна близина на македонската граница, а возачот на Рама успеал да се извлече користејќи споредни патчиња.