Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ќе отпатува во Москва за со рускиот претседател Владимир Путин да разговара за поголемо снабдување на неговата земја со руски гас.
Унгарија во септември 2021 година потпиша долгорочен договор со „Газпром“, врз основа на кој рускиот концерн ќе испорачува 4,5 милијарди кубни метри гас преку Србија, односно Австрија, заобиколувајќи ја Украина.
Во разговорот со Владимир Путин секако ќе треба да стане збор и за растечките тензии во Украина.
-Очигледно е дека не можеме да го избегнеме разговорот за безбедносната ситуација во Европа, а позицијата на Унгарија е целосно јасна. Ние сме заинтересирани за мир, рече Орбан во минатонеделно интервју.