Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Русија и Европа треба што поскоро да одржат самит за да разговораат за завршување на војната во Украина.

Орбан ја поздрави најавата за средба меѓу претседателите на Соединетите Американски Држави и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, следната недела, нагласувајќи дека прекин на огнот и укинување на санкциите се можни само ако двајцата лидери се согласат, објави МТИ.

Тој исто така нагласи дека пред неколку години, Унгарија предложи наместо лидерите на европските институции, германскиот канцелар и францускиот претседател да ја претставуваат ЕУ на разговорите во Москва или самитот да се одржи на неутрална територија.

Фото: архива