Матео САЛВИНИ

Од денешната средба во Будимпешта со унгарскиот премиер Виктор Орбан и полскиот премиер Матеуш Моравјецки, на кого му благодарам.
По Ковид започнува проект „Европска ренесанса“: нова идеја за Европа, која ги препознава своите корени, заснована на здравјето на граѓаните, работа, безбедност и контрола на границата, заеднички христијански вредности, култура, убавина, идентитет и СЛОБОДА.

Алтернативна визија за Европа, која ги враќа граѓаните во центарот и во која ќе вклучиме други политички и владини лидери и претставници од светот на културата и бизнисот, со амбиција да станеме првата група во Европски парламент.

Ова е објавата пред неколку минути на екс италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини, еден од жестоките противници на политиката на ЕУ и главните нејзини членки како Гермнаија за прием на мигранти при што Италија требаше да го носи главниот товар. Еден од најнепријатните министри за ЕУ бирократијата и воопшто за структурите во Европа.

Орбан и неговата партија ФИДЕС пред кратко време ја напуштија Европската народна партија поради притисоците врз него и неговата земја. ЕПП заедно со ЕУ се обидува да ги стави под контрола Унгарија и Полска уценувајќи ги економски.