Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан по вчерашната рација во опозициската партија Фидес и одземање на серверите, ја обвини новата влада дека воспоставува „нелегитимен“ политички систем и ги повика неговите приврзаници да се спротивстават на „тиранијата“.
– Во Унгарија повторно почна ерата на тиранијата … Унгарија не е веќе демократска држава. Новиот политички систем создаден на овој начин е нелегитимен. Фидес ќе ги искористи сите мирни средства против злоупотребата на моќта, во парламентот и надвор од него, истакна Орбан.
Тој ги повика приврзаниците „да ја вратат демократијата“ во Унгарија.
Унгарското обвинителство наведе дека вчерашната акција била поврзана со истрагата за „проневера и други кривични дела“ во Националниот фонд за култура (НКА), што функционираше за време на владата на Орбан.
фото: Архива




