„Северна Македонија целосно поддржува и се солидаризира со преземањето мерки на САД, одговарајќи на дестабилизирачките активности на Русија против САД и нашите сојузници. Подобрувањето на нашата колективна безбедност е наш приоритет“, напишал завчера вечер, во доцните часови министерот за надворешни работи Бујар Османи на Твитер.

На ова, исто така на Твитер, реагираше руската амбасада во Скопје:

„Ќе ја имаме во предвид македонската солидарност која се базира на недокажани наводи за руски активности. Веруваме дека приоритетите треба да рефлектираат и да кореспондираат со заедничките закани и предизвици. Вакви изјави ни малку не помагаат во јавните заложби на Македонија да ги подобри односите од заеднички интерес со Русија“.