Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска се сретна со министерот за надворешни и европски работи наСловачка, Мирослав Лајчак, кој престојува во посета на земјава, информираат од СЕП.
-Интеграцијата на С. Македонија, но и на земјите од регионот во ЕУ, претставува значаен елемент во изградбата на постабилна, побезбедна и попросперитетна Унија, и во оваа насока, почетокот на преговорите со С. Македонија, претставува значаен израз на европските перспективи на целиот регион“, истакна Османи.
Тој притоа изрази благодарност до министерот Лајчак за силната словачка поддршка за европската интеграција на земјава, особено од аспект на последната иницијатива на дел од земјите – членки, меѓу кои и Словачка, преку заедничка декларација јавно да ја демонстрираат поддршката за европските интеграции на земјава и регионот.
Вицепремиерот Османи посочи и на континуираната политичка и економска билатерална поддршка од страна на Словачка, која во овој период има особено значење за евроинтегративниот процес, во реализација на Европското движење на Македонија со поддршка на УСАИД и Амбасадата на Република Словачка.