Како земја имаме огромен напредок, изјави заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи на денешната средба со директорот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Европа, Пол Макарти и директорот на Центарот за глобален импакт при ИРИ, Антонио Гарастазу, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Како што соопштуваат од СЕП, на состанокот биле отворени теми поврзани со можностите за соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања и ИРИ, во рамките на иницијативите и портфолиото на активности на Институтот, како што се: управување со граѓанството, борбата против корупција, зајакнување на законодавството, дигиталмната демократија, независни медиуми и пристап до информации, прашања поврзани со миграцијата; младинско јакнење, применети истражувања, и слично.

Османи упатил благодарност до Макарти за континуираната поддршка што Институтот ја обезбедува за нашата држава и нејзините евроатлантски амбиции како и за постигнатиот демократски напредок.

– Како земја имаме огромен напредок во изградбата на стабилна кохезија во општеството, напредок во обезбедувањето стабилност на меѓуетнички план, но и воопшто, во изградбата на политичка зрелост која резултираше со значаен демократски напредок, истакна Османи.