Претседателката на ДОМ Маја Морачанин синоќа на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа фукција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.

– Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ. Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ. Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија. Честитки до претседателката Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, напиша Морачанин на својот профил на Фејсбук.

По соопштувањето на катастрофалниот пораз што им го нанесе ВМРО-ДПМНЕ, синоќа оставка од функцијата потпретседател на СДСМ поднесе Фатмир Битиќи, вицепремиер во заминување.