САД погодија пет подземни складишта за муниција на Хутите во Јемен користејќи стелт стратешки бомбардери Б-2, објави синоќа американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.
-Американските сили гаѓаа неколку подземни објекти во кои се сместени неколку видови оружје што го користат Хутите за гаѓање цивилни и воени бродови низ целиот регион, рече Остин.
Ова е прва јавна употреба на бомбардери Б-2 од страна на американските сили од почетокот на нивните напади врз Хутите, кои се поддржани од Иран.
-Употребата на стелт-бомбардерите со долг дострел Б-2 Дух ја демонстрира способноста на Америка да напаѓа во секое време и каде било, додаде Остин.
Хутите, кои контролираат големи делови од Јемен, со месеци вршат напади врз Израел и врз бродовите наводно поврзани со нив, тврдејќи дека дејствуваат во знак на солидарност со палестинското исламистичко движење Хамас.
Како одговор, САД и Обединетото Кралство редовно ги напаѓаат Хутите, но во оваа фаза не успеаја да ги уништат оперативните способности на движењето.
фото: МИА архива