ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова, во која го употребила терминот „северномакедонски“ при означување на македонскиот народ.
Во партиското соопштение, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека „јасно и недвосмислено го осудува говорот на министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, во кој вели ‘северномакедонски’“.
Од партијата оценуваат дека употребата на терминот е „неточна и несоодветна“, додавајќи дека во државата живеат „Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, но Северномакедонци нема“.
ВМРО-ДПМНЕ упати повик до бугарските политичари за, како што наведуваат, „разумност и внимателност во говорите“, со цел ваквите изјави да не бидат искористени за политички цели.
Воедно, од партијата ги повикаа и останатите политички субјекти во земјава да го осудат говорот на бугарската министерка, со образложение дека „идентитетот не е предмет на разговори, преговори и договори“.




