Шпанскиот хуманитарен брод „Опен армс“ (Open Arms) со 147 мигранти денеска се вкотви во италијански територијални води и чека одобрување да вплови во пристаниште на островот Лампедуза.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини забрани бродот да влезе во пристаништето, додека министерката за одбрана Елизабета Трента одби да ја потпише забраната на Салвини.

Трента истакна дека политиката не може да ја загуби хуманоста.

Салвини тврди дека Италија изминатите години примила голем број мигранти и инсистира другите земји членки на Европска унија да ги преземат мигрантите, кои се на отворено море повеќе од две недели.