Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, вечерва објави дека е исполнет неговиот копнеж:
– My Boss and The Queen! (Мојот Шеф и Кралицата). E ова е она по што копнееме, за што се бориме речиси 30 години, објави Костадинов на Фејсбук.
Во прилог на реализираниот копнеж на Костадинов тој ја објавува „фемили“ фотографијата на која англиската Кралица Елизабета е фотографирана со лидерите од Самитот на НАТО во Лондон. На групната „фамилијарна“ фотографија, покрај останатите учесници е и шефот на партијата на Костадинов и премиер, Зоран Заев.
Копнежот на Костадинов е реализиран, а копнежот за просечна плата од 500 евра ќе биде исполнет некогаш во иднина.