Селекторот на Бразил, Тите го објави составот на кој ќе смета за претстојните пријателски средби со Панама на 23-ти март во Порто и на 26-ти март во Прага, кои се дел од подготовките на тимот за овогодинешната Копа Америка, на која земјата е домаќин.

Најголем впечаток остави присуство на 18-годишниот талент на Реал Мадрид, Виничиус Жуниор, за кого ова е прва покана за сениорскиот тим на „Селесао“. Досега тој има 29 натпревари и 23 гола за младинските формации на „кариоките“.

Големата ѕвезда на Бразил, Нејмар е надвор од списокот поради повреда на глуждот. Марсело, кој неодамна ретко се наоѓа меѓу стартерите на Реал Мадрид, исто така е аут од составот.