Драги Македонки и Македонци, од целиот свет, од Австралија до Канада, до Европа…. до каде се слуша овој глас!

Ме знаете,јас сум архимандрит Никодим, 30 години се борам за човекките права.

Сакам да ве информирам дека на 25 феврураи, се собраа во селото Владово, околу 30 членови на Виножито. Меѓу тие членови има и еден прав Грк, а по мое мислење, еден прав Грк не може да има важна функција во Виножито. Тоа е господин Пападакис кого го ставија за портпарол на Виножито.

Ние му благодариме за тоа што го прави, но гледаме дека не го прави како што треба. Тој е од Крит, и не може прав Грк да биде портпарол на Виножито. Ние сме Македонци. Не сме национлаисти, ги сакаме сите, но не може со ваши пари, со пари собрани од Австралија. Германија…, со кои е регистриана партијата Виножито, да се именува Грк. Тогаш немаше партија, тие пари беа за весникот Мегле…

Тоа што сакам да ви го кажам е дека не може повеќе да бидете лажени… радио ви ветија – радио нема, македонска куќа ви ветија – македонска куќа нема…, и многу други работи ви ветија – но нема. Ви ги потрошија парите и не направија ништо. Но, не може да кажуваат за мојата личност. Црквата е најголем сведок за мене, што се прави со вашите пари.

Реков на почетокот на мојот говор дека на 25 февруари, се собраа во село Владово членовите на Виножито, за да изберат нова управа. И ги избраа истите луѓе. Нема ниту еден нов. На овие луѓе не може повеќе да им се верува и не им пуштајте веќе пари зашто ќе се загубат. Не може веќе вака зашто не работат. Кога ќе има избори, ќе се соберат за да ги земат вашите пари, дека ќе се кандидараат за изборите за ЕУ, но се се тоа приказни за да ви земат пари.

Ви праќам абер, пари веќе не им давајте. Они во бараат од 30 000 до 50 000, а трошоците не се повеќе од 5 000 илјади. Што им прават на другите пари, тоа е големо прашање. За мене Виножито не постои и тие што се внатре – ве лажат. Бидете ми живи и здрави!