Со 216 гласа за и без против Народното собрание во Бугарија ја  изгласа оставката на премиерот Николај Денков. Точката беше ставена на предлог  на „Продолжуваме со промената“ – „Демократска Бугарија“ во програмата на парламентот. Во своето обраќање пред пратениците Денков кажа дека вчера ја поднел оствката,  бидејки според него тоа е почитување на даден збор, како што вели,  израз на доследност, политички ферплеј и почит кон бугарските  граѓани. Истакна дека ја исполнил обврската што ја презел со заедничката декларација на 6 јуни 2023 година“.

– Вчера поднесов оставка од премиерската функција. Ова е исполнување на обврската преземена од заедничката декларација на ПП-ДБ и ГЕРБ-СДС, со која редовната влада профункционира пред точно 9 месеци – на 6 јуни 2023 година. Да ве потсетам во какви задачи се обединивме  пред 9 месеци. Прво – да се издаде стабилна влада со национален мандат, околу која може да се формира уставно мнозинство. Втор премиер во првите 9 месеци да бидам јас, а вицепремиерката и министерка за надворешни работи Марија Габриел. Следните 9 месеци премиер ќе биде Марија Габриел, а јас вицепремиер. Трето – на крајот на секои 9 месеци премиерот да си поднесе оставка, двете пратенички групи да ја изгласаат и да ја поддржат предложената номинација на другата пратеничка група за следниот период, – рече бугарскиот премиер во оставка Николај Денков.

Денков поднесе оставка на ден пред истекот на 9-те месеци раководење со кабинетот. По изгласувањето на оставката во парламентот, за која нема рок, претседателот мора да има консултации со сите партии застапени во парламентот и да и додели мандат на најголемата политичка сила во 49-от парламент – ГЕРБ-СДС. Можно е денеска претседателот на Собранието Росен Желјазков да поднесе оставка и да ја напушти функцијата, бидејќи ротацијата е четирикратна. Сепак медиумите го покренаа прашањето: Дали Бугарија ќе оди на изботи или се ќе се заврши со успешна ротација?

-Никој од нас не зборува за избори, – рече Костадин Ангелов од ГЕРБ.

-Тоа дали ќе одиме на избори зависи дали ќе се договориме за гарнциите за реформите, – рече Христо Иванов од ПП-ДП.

Опозицијата пак вели дека ова се политички пазари кои се водат.

– Ова беше очигледно, ова е лицемерие, политички пазари кои се водат. Воопшто не ги интересира Бугарија, – е ставот на Георги Свиленски од БСП.

По оставката на Денков се поставува прашањето дали ГЕРБ и ПП-ДП ќе се договорат за нов кабинет.