Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп денеска ги повика сите приврзаници на Ники Хејли, која претходно ја прекина кампањата, да го поддржат на ноемвриските избори.

– Би сакал да ги поканам сите поддржувачи на Хејли да се приклучат на најголемото движење во историјата на нашата нација. Бајден е непријател. Тој ја уништува нашата држава, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трутсошал“ (TruthSocial).

Претходно денеска, поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли ја прекина кампањата за претседателска номинација на Републиканската партија, оставајќи го Трамп како единствен кандидат на Републиканската партија. Додека кај демократите, покрај актуелниот претседател Џо Бајден, во трка сè уште Маријен Вилијамсон и Дин Филипс.