Технички проблеми во германската Контрола на летање денеска ќе предизвикаат потешкотии во европскиот воздушен простор, соопшти операторот на аеродромот во Франкфурт.

Според весникот Билд, станува збор за софтверски проблем.

– Затоа, ќе има доцнења во операциите и откажувања на летови и на аеродромот во Франкфурт, наведе операторот на својата веб-страница, пренесуваат британските медиуми.

Проблемите биле пријавени во Центарот за контрола на летање во Ланген, седиште на германската компанија за воздушна навигација ДФС, чии контролори го следат полетувањето и слетувањето на авионите на 15 меѓународни аеродроми во Германија.