Научниците тврдат дека го откриле најстариот познат цртеж на мал фрагмент од карпа во Јужноафриканската Република. Овој цртеж е стар цели 73 илјади години, а прикажува вкрстени и попречни линии нацртани во карпата со црвен окер пигмент.
Овој стар цртеж, кои некои ги потсетува на хаштаг(#), научниците го пронашле во пештерата Бломбос на јужниот брег на Јужноафриканската Република, јавува Би-Би-Си.
Цртежот е „првокласен индикатор на модерната когниција“ на нашиот вид, велат научниците во текст објавен во магазинот „Нејчр“.
Иако други научници пронашле и постари траги оставени со боја во други делови на светот, истражувањата покажале дека ова е првиот апстрактен цртеж. Но, оригиналниот цртеж „веројатно бил покомплексен“, вели водителот на истражувањето, археологот Кристофер Хеншилвуд од Универзитетот Берген во Норвешка.
– Наглите прекини на сите линии на работ на фрагментот упатува на тоа дека примерокот оригинално бил нацртан на поголема површина – појаснува Хеншилвуд.