Ќе се отпишуваат каматите за долгови дадени на извршување, што граѓаните ги имаат кон државен орган, јавно претпријатие или установа на централно или локално ниво направени заклучно со 31 декември 2017 година. Законското решение треба да добие поддршка утре на седница на Владата, а го соопшти денеска премиерот Зоран Заев на заедничка прес-конференција со министерката за правда Рената Дескоска.

– Сите предмети дадени на извршување заклучно со 31 декември 2017 година од страна на јавни и државни претпријатија и уставнови се бришат. Доверителите се должни да направат отпис на каматите и репрограмирање на долгот во рок од три месеци од стапување во сила на овој законж, рече премиерот.

Тој ги повика и приватните доверители да го направат тоа на доброволна основа и изрази надеж дека тоа ќе го направат особено оние што можат да си го дозволат тоа и да прифатат.

Според премиерот, со ова се исправа уште една неправда направена во 2011 годна, кога старите извршни предмети беа префрлени на изршители и нотари.

Заедно со овој утре на владина седница ќе се најдат и измени на Законот за извршување и со денот на стапување во сила на овој закон, изршителите прекинуваат со присилно изршување на предметите.

Меѓу измените, премиерот ги напомена и изземањето од извршување на граѓаните корисници на гарантиран минимален приход, примателите до просечна плата и пензија, како и корисниците на семејна пензија.