Моделот по кој обвинителот Ислам Абази беше избран за нов шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција според министерот за правда Никола Тупанчески покажал слабости, па смета дека потребно унапредување на моделот и воведување дополнителни критериуми согласно кои ќе се бира шеф на ова обвинителство во иднина.

Покрај Тупанчески, и првиот човек на антикорупционерите Билјана Ивановска, имаше забелешки во однос на моделот по кој се гласаше за избор на нов шеф на обвинителството за организиран криминал и корупција. Ивановска порача и дека тоа што во јавноста се појавија фотографии од Ислам Абази со првите луѓе на ДУИ остава простор за сомнеж дека можеби и тоа имало некакво влијание во изборот.