По повод одбележување на 75 години од формирањето на НАТО и четири години од нашето членство во Алијансата денеска во Штип Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија во соработка со локалната самоуправа, организираат отворен ден за граѓаните.

На отворениот ден, како што е најавено, присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, приказ на борбени вештини на припадниците на специјалните сили и да се запознаат со дел од армиските возила и опрема со кои располагаат единиците на Армијата.

Граѓаните во директна комуникација со армиските припадници ќе можат да се запознаат со техничките карактеристики на воената опрема и возила меѓу кои и најновите возилата од видот JLTV, обученоста и опремата на специјалните единици на Армијата.

На активноста, како што е најавено, ќе присуствува министерката за одбрана Славјанка Петровска, командантот на 1.пешадиска бригада, бригаден генерал Сашко Лафчиски и претставници од локалната самоуправа.

Ова е трет по ред отворен ден како дел од планирани настани кои се организираат во седум градови во внатрешноста и во Скопје со кои ќе се одбележат 75 години од формирањето на НАТО и четири години членство на Република Македонија во НАТО.

Фото: МИА архива