Македонскиот пејач Влатко Илиевски (33) е пронајден мртов во својот автомобил „Тојота“ синоќа околу 23 часот на ул. 3-та Македонска Бригада, информираат од МВР.
Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Од МВР засега нема информации за причините за смртта на Илиевски.

Шарене пилуле за лилуле:Ова е последната објава на Влатко синоќа на Фејсбук.