Пациент во поодминати години, кој е заразен со вирусот на западнонилската треска, се бори за живот на Инфективната клиника, откако кај него се развила тешка форма на воспаление на мозокот (енцефалитис). Пациентот е приклучен на респиратор, соопштија здравствените власти.
За жал, 76-годишниот пациент има тешка клиничка слика и се наоѓа во Одделот за интензивна нега. Тој е поставен на респираторна поддршка бидејќи неговата состојба е критична. За разлика од него, останатите хоспитализирани пациенти се стабилни и се префрлени на лекување во Одделот за невроинфекции, изјави д-р Фадил Цана, директор на Клиниката за инфективни болести.

Со овој случај, вкупниот број на официјално регистрирани луѓе заболени од западнонилска треска во Македонија се искачи на осум.