Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин се намалил 0,3 процентни поени во однос на минатата недела, па сега, според денешното испитување што го објави Серискиот центар за истражување на јавното мнение (VTsIOM), тој има рејтинг од 80,73 отсто.

Анкетата е спроведена меѓу 1.600 полнолетни Руси од 27 јуни до 3 јули годинава.

– На прашањето дали му веруваат на Путин, 80,7 отсто одговориле потврдно. Дури 77,8 отсто од испитаниците ги одобруваат активностите на претседателот на Руската Федерација, стои во анкетниот лист.

Покрај тоа, 51,3 отсто од испитаниците ја одобруваат работата на руската влада, а 51,2 отсто го одобруваат дејствувањето на премиерот Михаил Мишустин. Довербата кон него изнесува 62,2 отсто, пренесува ТАСС.