Пакистан денеска ослободи 100 индиски затвореници како „гест на добра волја“ за да се намали непријателството меѓу ривалските вооружени сили.

Машук Али, портпарол на централниот затвор во Карачи, го потврди ослободувањето и рече дека затворениците треба да им бидат предадени на индиските власти на граничниот премин Вага, во близина на источниот град Лахоре.

Ова е прво од четирите планирани ослободувања на затвореници од страна на Пакистан. Следните се закажани за 15, 22 и 29 април.

– Пакистан одлучи да ослободи 360 индиски затвореници во кои 355 се рибари и петмина цивили. Очекуваме Индија да возврати, изјави минатата недела портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи Мохамед Фасиал.

Министерството соопшти дека во индиските затвори има 347 затвореници од Пакистан (249 цивили, 98 рибари) и 537 индиски затвореници (54 цивили, 483 рибари) во пакистанските затвори.