Љупчо Палевски е спроведен во суд, пред судија на претходна постапка, за прв пат по бегството во Турција во рамки на истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Двајца полицајци го спроведуваа, а главата му беше поставена во наведната состојба со зафат познат како „полуга”.

Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, при спроводот во Кривичен суд кажа дека не ги сторил убиствата. Тој само одречно одговори на дека за тоа има докази дека тој не е убиецот.

Кратко одговори и дека нема да се брани со молчење и дека има докази за неговата невиност. Но, не одговори каде бил на денот на убиството на Вања на 27 ноември, минатата година.

Инаку двајца од тројцата кои се осомничени во случајот Влатко Кешишов, Боре Видевски и Велибор Манев кога беа приведени признаа вина и сведочеа дека Палевски е организаторот на грабнувањата и убиствата.

Кривичниот суд го потврди притворот кој започнал со неговото спроведување во затворот во Шуто Оризари.

„Постојат околности дека може да се даде во бегство, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците,  и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело“, соопштија од судот. 

Инаку Палевски има адвокат по службена должност. Тоа значи дека ниту еден од адвокатите кои сакаше да ги ангажира не прифатил.