Убеден сум дека ќе се постигне решение помеѓу Софија и Скопје во врска со прашањата кои го блокираат напредокот на … Македонија кон членство во ЕУ, изјави американскиот заменик помошник државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот Метју Палмер.

-Сѐ зависи од засегнатите страни. Ние сакаме да ги охрабриме да ги препознаат компромисите кои се неопходни за напредок и да разберат дека тоа е во нивен најдобар интерес. Убеден сум дека ќе се постигне решение помеѓу Софија и Скопје во врска со прашањата кои го блокираат напредокот на … Македонија кон членство во ЕУ. Убеден сум дека може да се решат тие прашања. ЕУ мора да изнајде начин да ја покаже својата посветеност кон оваа земја, да и го отвори патот и да ја отпочне меѓувладината конференција. Тоа е обврска на ЕУ и мора да ја исполни, посочи Палмер во интервју за ТВ21.

Палмер учествуваше на првата Меѓународна конференција на „Преспа форумот за дијалог“ што вчера и завчера се одржа во Охрид во организација на МНР под покровителство на Владата