Во фудбалот некогаш се случуваат чуда, објави на социјалните мрежи капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, кој беше стрелец на првиот гол во сензационалната победа над Германија.

Пандев е пресреќен по победата на македонската фудбалска репрезентација, а денеска ја испрати оваа порака:

-Во фудбалот некогаш се случуваат чуда. Храбрите ги следи среќата. Со борба, верба и срце на терен, оваа генерација заслужи и заслужува многу поголем респект, напиша Пандев.

Македонските фудбалери денеска се враќаат од Германија, каде што синоќа во Дуисбург ја совладаа Германија со 2:1.