Некој тенденциозно ме пријавил од лични причини, се работи за модерна нумизматика. Ова го кажа поранешниот градоначалник на Кавадарци  Александар Панов по информациите дека кај него биле поронајдени над илјада археолошки монети.
Тој откри дека заедно со полицајците бил во кавадаречката полиција каде што се задржал околу два часа и дал исказ, но не бил приведен и уапсен како што се шпекулира во јавноста.