Он лајн настава, без дилеми. Ова е опцијата за која се залагаат д-р Никола Пановски од скопска Микробиологија и д-р Злате Мехмедевиќ од Здравствениот дом во Скопје во нивниот разговор за САРС КОВ 2 вирусот и Ковид 19 на Канал 5 телевизија.

Според Пановски, во очекување на новиот бран, за што зборуваше и Филипче, потребно е да се преземат неколку мерки, а една од клучните е затворање на училиштата и преминување на он лајн настава.

На забелешката на новинарката дека само еден отсто од децата биле зарззени, повикувајќи се на министерката Царовска, Пановски иронично се насмеа и запраша:

-А знаете ли вие колку е еден отсто од 240 000 деца? (толку според Пановски во Македонија има ученици, иако нивната бројка е 265 000). – Тоа се 2 400. Ако Македонија има 8 400 активни случаи, а од нив се 2 400 се деца, тоа е огрмона бројка, рече Пановски.

Тој дополни дека таа бројка е само оние што се откриени, што упатува на тоа дека реалната бројка е мошне поголема.

Он лајн наставата е опција за која се залага и Мехмедовиќ и тоа веќе подолго време наназад. Според искажаното од него вечерва, несфатливо е како така лесно им ги препуштаме децата на корона вирусот. Проблемот, според Мехмедовиќ е што навлегувајќи и ширејќи се низ децата, вирусот може да го научи нивниот имунитет и некоја следна мутација да биде способна да заобиколува имунитетот на децата создавајќи поголеми компликации кај нив.

Тоа, според него, се случи и со делта сојот, кој е мутација на првите два соја на корона вирусот и сега ги напаѓа помладите создавајќи потешка клиничка слика, па дури и со смртни случаи кај помладите.