Македонски железници ја укина постојката кај велешкото село Ореше, која ја користеа планинари за одење кон врвот Солунска Глава, како и жителите од двете велешки села Папрадиште и Ореше.

– Ги информираме сите патници, планинари и жители на околните села Ореше и Папрадиште кои го користат возот Скопје- Битола- Скопје дека од 1- ви јули 2023 год. ЈП Македонски железници трајно ја укинаа Орешка станица, и возовите веќе не сопираат на оваа железничка постојка, објавија од Планинарскиот дом на Фејсбук.

Тоа го потврдува и Игор Смилев од планинарскиот дом Папрадиште:

-Од 33 години постоење на Македонски железници менаџментот направил само една единствена анализа и тоа пред една недела во ерата на ДУИ. Тоа е дека од 1- ви јули 2023, железничката постојка на Орешка Станица (после Богомила) на пругата Скопје-Битола- Скопје се УКИНУВА, оти многу „малку“ планинари и луѓе се симнувале и возот непотребно губел од 30 до 65 секунди залет и време. Со одлуката на МЖ базирана на сериозна и сеопфатна анализа, укинати се и други стојалишта од и онака ужасно малиот број линии.