Дивиденда во бруто износ од 1.667.793.739 денари, или нешто повеќе од 27 милиони евра ќе поделат акционерите на Македонски телеком, објави економскиот портал Пари, кој објави и износи на надомест за членовите на Одборот на директори (ОД).
Вредноста на акцијата е 19,34 денари, бруто. Ова е предлог по кој ќе се гласа на Собранието на акционери, на 30 мај.
Телеком ги објави и податоците за надоместоците што лани биле исплатувани на членовите во Одборот на директори, но само за тие што се од Македонија.
Зоран Китанов, кој е неизвршен член и претседател на ОД, добивал надомест за членство во нето-износ од 372.000 денари. Инаку, работи во К-Пауер Скопје за плата од 30.000 денари.
Неговиот заменик и исто така неизвршен член примал 93.000 денари.
На Нина Ангеловска како неизвршен член на Одборот на директори и биле исплатувани 62.000 денари. Исто така, таа е член и во Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, каде што од јануари до октомври добивала надомест од 84.939, а потоа па до крајот на годината по 98.000 денари. Воедно, вработена е на Универзитет за туризам и менаџмент со плата од 30.035 денари.
Неизвршен член на ОД со 62.000 надомест е и Бардул Насуфи, вработен во Општина Струга, каде месечните примања му биле по 42.839 денари.
Истата сума од 62.000 ја примала и Шкодране Дарлишта како независен член на Одборот. Како што е наведено, работи во јавна установа од областа на здраството за плата од 40.000 денари.
Независен член е и Аќиф Медиу, исто така со нето надомест од 62.000 денари.
Целиот прилог може да го прочитате во Пари.