Откако ниту една партија не обезбеди стабилно мнозинство во бугарскиот парламент, Бугарија в недела оди на трети избори во рок од 7 месеци. По неуспешниот обид на „Има таков народ“, ГЕРБ и БСП за формирање влада, мандатот беше вратен кај претседателот Румен Радев, кој пак, ќе учествува на изборите за уште еден претседателски мандат.

Покрај парламентарните избори, истиот ден се одржуваат и претседателските. Предизборниот молк почна денеска и ќе трае до завршување на гласањето в недела.

Централната изборна комисија на Бугарија објави дека право на глас имаат 6.708.189 граѓани. Бугарските граѓани може да гласаат во 11.643 изборачки места во Бугарија, а оние кои се во странство може да го остварат правото на глас на 751 избирачко место во 68 држави низ светот.

Државите со најмногу бугарски државјани се Турција, кадешто има 58 избирачки места, и Велика Британија со 86 избирачки места.

(М.П.)