Во Естонија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои фаворит е владејачката Реформска партија на премиерката Кала Калас, а најголем предизвик ќе биде десничарската партија ЕКРЕ, која се противи на натамошното прифаќање бегалци од Украина.
Според премиерката, гласачите треба да изберат меѓу два сосема различни патишта за Естонија.
– Би рекла дека поддржуваме отворена, пријателска, модерна земја која размислува на европски начин, а ЕКРЕ тврди дека повеќе треба да ги следиме нашите интереси, а не да и помагаме на Украина, рече Калас.
ЕКРЕ, партијата која, според испитувањата на јавното мислење, ќе заврши на второто место, се противи на преминот кон зелена енергија и ветува намалување на сметките за енергија.
Лидерот на партијата ЕКРЕ, Март Хелме, тврди дека луѓето многу се уплашени за иднината, а главните партии, пред се владејачката партија, ги немаат вистинските одговори.
Избирачките места ќе бидат затворени во 20 часот по локално време, а повеќето изборни единици во Естонија се очекува да ги објават резултатите до полноќ.
Третина од гласачите веќе гласале преку Интернет, а меѓу нив е и ремиерката Калас.