Покрај тенковите „Леопард 2“, германската воена компанија „Рајнметал“ сака да купи 96 тенкови од типот „Леопард 1“ од швајцарската компанија „Руаг“ и да ги испрати во Украина, објави швајцарскиот весник „Тагес-Анцајгер“.

Во договорот се вклучени користени и неоперативни тенкови „Леопард 1“, кои „Руаг“ ги купи во Италија во 2016 година.

– Рајнметал сакаше да ги купи тенковите и стави до знаење дека ќе бидат испорачани во Украина по ремонтот, изјави портпаролот на „Руаг“ за „Тагес-Анцајгер“.