Не прави им на другите тоа што не сакаш тебе да ти се случи, гласи една поговорка која сега може да биде поучна за политиката на Бугарија во однос на Македонија во ЕУ, во контекст на тоа што и го прави Холандија на Бугарија за приклучување во Шенген зоната.
Историчарот Том Јунес со назнака Вонредна вест објавува на Твитер дека „Холандија бара правата на Холанѓаните да бидат запишани во бугарскиот Устав пред Бугарија да се приклучи на Шенген“.
Полскиот историчар, со твитот, прави пародија за бугарското вето и уцените спрема Македонија на патот кон ЕУ.
Ова се случува откако вчера Холандија објави дека нивниот Парламент усвои резолуција со која се бара од премиерот Марк Руте да подигне вето за приклучување на Бугарија и Романија во Шенген зоната, додека не се направи анализа на функционирањето на владеењето на правото и намалувањето на корупцијата и организираниот криминал во двете земји.