Таканаречена зелена нафта за земјоделците одамна најавува владејачкиот СДСМ, а опозициската ВМР-ДПМНЕ забележува тоа што ова поевтино гориво за земјоделците е со „адитивот ќе“.
И денеска двете партии испратија соопштенија до јавноста за т.н. зелена нафта.
Се зголемува, се вели натаму во соопштението, и поддршката за мерката наменета за малите земјоделски стопанства под 1 хектар. Субвенциите за земјоделците кои имаат до 0,5 хектари земја изнесуваат 6.000 денари по хектар, односно 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја. Мерката опфаќа 13.000 земјоделци, а преку неа се враќаат 130 милиони денари кај земјоделците што е значително зголемување во однос на претходните години кога за оваа поддршка биле издвојувани околу 49 милиони денари. Ова се само дел од новите развојни мерки што обезбедуваат зголемена поддршка и повеќе пари кај земјоделците и мерки, што го унапредуваат и развиваат земјоделството како една од клучните стопански гранки, соопшти денеска СДСМ.
На овие ветувања од владејачката партија пред претседателските избори реагираше опозицијата:
– Зелената нафта е уште едно „ќе“ ветување на криминогената власт на СДСМ. Ветуваа дека земјоделците ќе ја добијат веднаш, но еве сега се уште нема. Власта воопшто не се грижи што земјоделците имаат зголемени трошоци заради порастот на дизелот, и се уште си поигрува со нивната мака манипулирајќи дека зелената нафта ќе ја добијат наскоро. СДСМ пред да дојде на власт ветуваа чуда во земјоделието, организиран и сигурен откуп, повисоки цени и нови пазари, но наместо тоа донесоа беда за земјоделците. Земјоделците заслужуваат сигурен пласман, повисоки откупни цени и нови пазари. Земјоделците заслужуваат подобро, затоа колку побрзо си замине оваа расипничка и криминална власт толку побрзо ќе може македонското земјоделство да се опорави, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со ова и зачестените секојдневни ветувања од власта, спроти закажаните избори за шеф на државата.