Правдата знае да доцни, но секогаш го наоѓа патот да излезе на виделина. Помина времето на импровизации и злоупотреби на правниот поредок во државата, за свои цели на одредени поединци или локални моќници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сега, секој поединец е еднаков пред правосудните органи, нема привилегирани и заштитени, законот важи еднакво за сите. Тоа можеме да го констатираме и од последната одлука Основниот суд во Струмица, кој се прогласи за месно ненадлежен по тужбата поднесена од поранешниот премиер и претседател на СДС, Зоран Заев против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во обид да го замолчи да ја зборува вистината. Многу веројатно, Струмица и струмичките институции, Заев да ги сметал за свој пашалак каде што секој прави како што тој ќе каже, па на ваков начин ќе влијае врз пресудата, па затоа одлучил тужбата да ја поднесе до овој суд. Или пак, поранешниот премиер, кој своевремено бил на чело на владиното телото за реформи во правосудството, заедно со својот адвокат – роднина, навистина не разбираат ништо од правото, велат од владејачката партија.

Тоа што е важно, велат од ВМРО-ДПМНЕ, е што блефови и неиздржани аргументи не поминуваат.

-Ослободени од стегите правосудните органи одлучуваат согласно законите, а не според нарачките на и желбите на поединци. Владеење на правото и правна држава во Македонија ќе има. Секој кој се огрешил и работел спротивно на закон, ќе одговара, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.