Жителите од струшките села денеска го блокираа магистралниот пат Струга – Ќафасан и побараа тој да се реконструира.

Патот е во многу лоша состојба, иако властите им ветиле на стружани дека ќе го санираат. Делницата е полна со дупки и е небезбедна, а често се случуваат сообраќајни незгоди.

Доколку властите ништо не преземат, ќе се организираат уште помасовни протести, најавија револтираните граѓани.

И во 2018 година жителите на струшките села протестираа со блокада на патот, но надлежните се оглушија на нивните барања.