Поглаварот на Руската православна црква Кирил во денешната проповед им се обрати на граѓаните опфатени со делумната мобилизација, порачувајќи им да не се плашат за загинат за татковината.

Црквата признава дека ако некој, поттикнат од чувство на должност и од потребата да ја исполни својата заклетва и да остане верен на неговиот повик, умре во исполнување на својата должност, тоа несомнено ќе биде чин на жртва. Оваа жртва ги измива сите направени гревови – рече тој.

Последниве денови рускиот поглавар неколку пати ги повика верниците да се пријават во војна.

Одете храбро да ја извршите својата воена должност. И запомнете дека ако умрете за својата земја, ќе бидете со Бога во неговото царство, им вели Кирил на верниците.