Резолуцијата е ретка можност партиите са се обединат околу државните интереси, а власта да ја стави Македонија пред својот криминал и парите, се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со одбивањето на владејачките партии да биде донесена резолуција во македонското Собрание.
-ВМРО-ДПМНЕ водена од националните и државните интереси до Собранието ќе поднесе Резолуција со која јасно ќе се дефинираат позициите на Македонија по однос на идентитетските обележја кои се предмет на негација. Ова е ретка можност партиите да се обединат околу овој консензус кој веќе е изграден во општеството. Имено Резолуцијата не е партиски текст, туку е темелена на дефиниции и позиции на општествени, научни и образовни авторитети како МАНУ, УКИМ И МПЦ-ОА. ВМРО-ДПМНЕ ќе разговара со сите политички субјекти, затоа што смета дека Македонија мора да има изградено цврсти позиции, особено ако се има предвид дека Бугарија веќе има резолуција за Македонија, се вели во соопштението.
Од опозициската партија нагласуваат дека ставовите на владејачките партии загрижуваат:
-Загрижуваат ставовите на владејачките СДСМ И ДУИ за неприфаќање на ваква Резолуција, бидејќи со тоа се остава простор за сомнеж дека се подготвува пазарење со идентитетот, јазикот и историјата. Истовремено одењето против ваква Резолуција истовремено е спорење на аргументите и позициите на МАНУ, УКИМ И МПЦ-ОА, што би преставувало опасна политизација на нешто кое е темелено на наука. Тоа што криминалот е приоритет на власта е општо познато, но очекуваме оваа тендер коалиција барем еднаш да се одважи и да ја стави Македонија, пред парите и криминалот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.