Португалскиот репрезентативец  Педро Нето стави потпис на нова соработка со лондонскиот клуб, со која се обврза на верност кон „сините“ до 2032 година.

Интересот за него не недостигаше ниту во текот на летото. Нето беше поврзуван со трансфер во Ал Хилал, но договор меѓу клубовите не беше постигнат.

По пропаднатата можност за преселба во Саудиска Арабија, Челси експресно ги забрза разговорите за продолжување на соработката.

„Ова е фантастичен момент за мене. Од првиот ден кога пристигнав се чувствував како дома. Сакам да продолжам да остварувам големи успеси и да освојувам уште многу трофеи со Челси“, порача Нето.