За тоа немам дилеми, денес најдобар играч е Кристијано Роналдо, вели бразилската легенда Пеле.

– Најдобар е бидејќи има поголем континуитет, макар што не треба да се заборави ни тоа што се направи Лајонел Меси. Но, тешко е да се каже кој е најдобар на сите времиња. Овде се Роналдо, Зико, Роналдињо, а во Европа Бекенбауер и Кројф. Искрено, не е моја вина, ама мислам дека Пеле е најдобар на сите времиња, вели 79-годишниот Пеле, говорејќи за себе во трето лице.