Претседателот Стево Пендаровски вчера ја потпишал уредбата за ознаките на униформите на АРМ и отсега натаму, како што изјави, ќе биде Армија на РС Македонија.
Тоа значи, прецизира, дека е завршен и тој технички и правен аспект со што се отвора можноста во следните набавки да се употребуваат новите ознаки.
Името на Армијата е Армија на РС Македонија и тоа од вчера има правна основа односно е на правен начин уредено од моја страна, изјави Пендаровски при денешната посета заедно со началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски на припадниците на АРМ на јужната граница на Македонија.
Видеото може да го отворите и ТУКА.