По извинувањето на Тамара за тоа што при синоќешната изведба на химната на Македонија при прославата во американската амбасадата ги изостави Гоце, Даме, Јане…, и објаснувањето од амбасадата дека „ненамерни грешки се случуваат“, со извинување се огласи и сопственичката и управител на Радио Кавадарци, Трајанка Ѓорчева Митрова, која на ФБ напиша:

„Сите песни што ги исепала тама Тодевска ненамерно се избришаа од архивата на Радио Кавадарци. Затоа им се извинуваме на нејзините фанови, доколку се уште ги има, што поради оваа ненамерна грешка, нема да бидат емитувани на програмата на Радио Кавадарци.“