Претседателот Стево Пендаровски вчера ја потпишал уредбата за ознаките на униформите на АРМ и отсега натаму, како што изјави, ќе биде Армија на РС Македонија.

Тоа значи, прецизира, дека е завршен и тој технички и правен аспект со што се отвора можноста во следните набавки да се употребуваат новите ознаки.

Името на Армијата е Армија на РС Македонија и тоа од вчера има правна основа односно е на правен начин уредено од моја страна, изјави Пендаровски при денешната посета заедно со началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски на припадниците на АРМ на јужната граница на Македонија.

Видеото може да го отворите и ТУКА.

Променето е името на Армијата на Република Македонија

Променето е името на Армијата на Република Македонија. Од вчера таа се вика Армија на Република Северна Македонија. За ова денеска информираше шефот на државата. Претседателот Стево Пендаровски веќе ги потпишал уредбите за ознаките на армиските униформи. #voasocialДописник: Владимир Мирчески

Gepostet von VOA – Глас на Америка am Donnerstag, 4. Juli 2019