Утре чекаме чекаме официјална најава од седиштето на НАТО во Брисел дека на Македонија ќе и биде доделена официјална покана на следниот Самит на Алијансата во Брисел на 11 и 12 јули, изјави денеска Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски на 98. РОС-РОТ Семинар што се одржува во македонското Собрание.
– Генералниот секретар Јенс Столтенберг ќе го објави тоа што македонските граѓани го чекаат со години. Тоа ќе биде завршна етапа од нашето асоцирање во Алијансата, имајќи предвид дека Република Македонија е неславен рекорден со 19 кругови од акциониот план за членство во НАТО, рече Пендаровски.
Во меѓувреме, како што кажа тој, Македонија покажа завидно ниво на отпорност, жилавост, со оглед дека двапати се наоѓала на работ.
– Првиот пат тоа беше во 2001 година кога имавме внатрешен конфликт, а само четири години подоцна во 2005 добивме статус кандидат за ЕУ. Вториот пат кога се вративме од работ е мината година кога по 11 години тврд автократски режим, за само една година добивме покана за членство во Алијансата. Сега, една година по упадот во Собранието разговараме Македонија да стане членка на Алијансата и начелно договорен датум за преговри со ЕУ за јуни следната година, оцени Пендаровски.
Тој додаде дека во изминатата година Македонија затворила три крупни стратешки прашања – првото е потпишувањето на Договорот за добрососердство со Бугарија, што според него било камен на сопнување за приближувањето кон ЕУ. На внатрешен план е донесен Законот за јазици – стожерен елемент на Рамковниот договор и последното е потпишувањето на Договорот со Грција за решавање на спорот со името.
Пендаровски се осврна за присуството и помошта на Алијансата во Македонија по 2001 година со нејзините три мисии за стабилизација на земјата.
– НАТО во тие година две помогна кризните подрачја да се реинтегриаат и да бидат под контрола на централната власт. На тој начин се креираше амбиемнт Македонија да влезе во нормален реформски процес и во таа прва етапа на стабилизирање добивме кандидатски статус за членство во ЕУ, рече Пендаровски.
Потсети дека влезот во НАТО е најголемиот кохезивен фактор во земјава, имајќи предвид дека околу 80 отсто од граѓаните се за влез во Алијансата, без оглед на етничката припадност, што не е случај со останатите земји аспиранти.
За придобивките од НАТО денес, тој вели дека иако нема закана по територијалниот интегритет на земјава, светот се соочува со друг вид закани како хибридни војни, кибер напади и ефектот од лажните вести што можат да направат прилична штета на економијата во земјата.
– Имаме големи проблеми со тероризмот со верски поттекст, а фокусот е на блкискоисточните војни особено во Сирија, каде пто имаме наши граѓани кои војуваат таму и соработката во рамки на Алијансата во оваа област е многу потребна, рече Пендаровски.
Тој заклучи дека за разлика од ЕУ, во НАТО нема замор од проширувањето, во НАТО никој не размислува за Брегзит, а за напуштање на Алијансата не размислуваат ниту Исланд кој нема армија, а ниту ни Луксембург чија армија брои 450 војници.
Денешните сесии на семинарот се посветени на Земјите-НАТО аспирантки од Западен Балкан: Патот напред, Реформите во одбранбениот и безбедносниот сектор и Од Скопје до Брисел: следните чекори во евроинтегративниот процес. Најавено е и обраќање на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.
Семинарот е во организација на парламентарното собрание на НАТО во соработка со Собранието на Република Македонија на тема „Евроатланска интеграција на Западен Балкан: зајакнување на Европскиот мировен проект“.