Во моментов имам информација дека предлогот на Владата за прогласување на вонредна состојба се подготвува и треба да биде доставен до Собранието, објави пред малку претседателот Стево Пендаровски.

– Доколку Собранието не се состане, претседателот на Собрание ќе го проследи предлогот до мене, по што ќе се обратам до јавноста, објави Пендаровски на својот профил на Фејсбук.